Претходна статија
Објавен тендер за реконструкција на блоковите „В“ и „Г“ од домот „Гоце Делчев“
Следна статија
Се распаѓа Музејот на Македонија, по трет пат пари за опрема на Археолошкиот музеј

ЕЛЕМ ќе бира нови локации за термоелектрани што ќе користат увозен јаглен

Објавено на 25.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Електрани на Македонија ќе потроши речиси 3,4 милиони денари за изработка на префизибилити студија што ќе ги определи оптималните локации и инсталираната моќност на новите термоелектрани, кои во иднина би се граделе во Македонија. Термоелектричните централи би користеле висококалоричен јаглен, кој би се увезувал во нашата земја. За да се добијат основни насоки околу идната изработка на документацијата, загребската фирма „Energy Platform Living Lab“ е избрана да ја изработи префизибилити студијата. Времетраењето на потпишаниот договор од крајот на декември 2016 година изнесува девет месеци.

 

 

Пред неколку месеци, државната енергетска компанија избра уште еден консултант за изработка на префизибилити студија за изградба на нова термоелектрана во Неготино. За овој документ се издвоија 1,8 милиони денари. И додека парите на граѓаните се трошат на советодавни документи, во Македонија постојат барем две термоелектрани чии капацитети остануваат неискористени при производството на електрична енергија.

 

Поради недостаток на јаглен, РЕК „Осломеј“ во најголем дел од годината не произведува струја. Наоѓалиштето на јаглен ги црпи последните резерви, додека нови количества на јаглен не се увезуваат и покрај лоцираноста на РЕК „Осломеј“ на неколку километри од пругата Скопје-Кичево. Термоелектраната на мазут „Неготино“ не работи долги години наназад, постанувајќи ладна резерва на домашниот електропреносен систем. Оваа термоелектрана е лоцирана покрај самата пруга од Коридорот 10, како и крај идниот гасовод Штип-Неготино.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk