Распишани два тендера за обнова на скопските средни училишта
Град Скопје денеска објави два тендери за обнова на образовните зданија на скопските средни училишта. Во објектите е проценето дека ќе се инвестираат над 87 милиони денари во реконструкција и изведба на енергетско ефикасни фасади, а планирана е и реконструкција на останати сегменти од училишните згради, фискултурните сали и спортски игралишта. Финансиските средства за