Претходна статија
За неполни три недели исцрпени државните субвенции за вградување на нови прозорци
Следна статија
Започнува втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје

„Карпош АД“ ќе ја гради патната инфраструктура во новата населба „Јака“ во Илинден

Објавено на 19.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Најдоцна за една година ќе биде комплетно изградена патната инфраструктура во новата населба „Јака“ во Општина Илинден. Локалната самоуправа ја избра компанијата „Карпош АД“ од Скопје за изведба на новопланираните улици во вредност од 14 милиони денари. Во тендерската постапка учествувале седум понудувачи, при што скопската фирма понудила најниска цена на распишаниот тендер кон крајот на февруари годинава. Изведбата на новите улици во населбата „Јака“ ќе се одвива етапно.

 

Уредувањето на патната инфраструктура во новопланираната населба следува по продажбата на десетици парцели за изградба на нови куќи на ова место лоцирано на источниот влез во Скопје. Населбата „Јака“ во иднина ќе има 500 куќи, хотел, трговски центар и спортско – рекреативни содржини за нејзините жители. Ова населено место се наоѓа на 15 километри од центарот на Скопје, долж автопатот и пругата Скопје – Куманово.