Претходна статија
Напредува изградбата на ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода
Следна статија
Нови спортски сали за три основни училишта во земјава

Општина Центар започна со реконструкција на улицата Аминта Трети

Објавено на 07.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По три децении од последната реконструкција, познатата скопска улица Аминта Трети (поранешна Ленинова) ќе биде санирана по целеата должина. Општина Центар веќе две недели работи на потегот од кривината кај Градскиот парк до булеварот Илинден, во должина од 150 метри. Градежни екипи во изминатиов период работеа на отстранување на стариот и оштетен асфалт, а во моментов се поставува нов асфалтен слој. Каблите на кабелските оператори на овој дел од сообраќајницата ќе бидат подземно поставени. Веднаш по завршувањето на овој сегмент, Општина Центар ќе започне со реконструкцијата на оваа улица на потегот од булеварот Илинден до улицата Орце Николов.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

 

По завршувањето на овој сегмент, ќе се премине кон целосна реконструкција на улицата на потегот од булеварот Партизански одреди до булеварот Св. Кирил и Методиј (некогашна М.Х. Јасмин). Покрај санацијата на коловозот, проектот опфаќа изведба на нови тротоари, улично осветлување и велосипедска патека по должина на целата улица.