Претходна статија
ИЗИИС стана прв институт на УНЕСКО од Македонија
Следна статија
Улицата „Тоше Проески“ ќе се продолжи кон населбата Јане Сандански

Општина Центар со мораториум и ревизија на „Скопје 2014“

Објавено на 25.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска потпиша мораториум на сите градби, исплати и соработки поврзани со проектот „Скопје 2014“, кои се во надлежност на општинската власт. Реализацијата на сите формално – правни активности поврзани со градежните зафати ќе биде привремено замрзната до завршувањето на процесот на ревизија. Засега нема информации колкав временски период би му бил потребен на новиот градоначалник за увид во моменталната состојба. Општина Центар досега исплатила преку 55 милиони евра на правни и физички лица за изградба на споменици и скулптури, мостови и плоштади. Меѓу најпознатите проекти кои привремено ќе паузираат со изградба се плоштадите „Карпошово востание“ и „Пресвета Богородица“, „Мостот на уметноста“ и мостот „Око“.

 

 

 

 

Од Министерството за култура со став дека градоначалникот Жерновски нема правен основ да пропише каков било мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на нивното министерство. „Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија“, се вели во соопштението за медиуми. Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека општина Центар може да добие тужби и пенали од правните субјекти што го градат проектот, со цел да се заштитат од одлуката за мораториум.

 

 

 

 

Покрај за проектот „Скопје 2014“, градоначалникот Андреј Жерновски денеска им издаде налог на инспекциските служби да излезат на терен и да констатираат кои активности во моментов се одвиваат за изградба на новиот објект на местото на досегашното седиште на партијата ВМРО-ДПМНЕ и за промената на фасадата на владиниот објект. Невладината организација „Плоштад Слобода“ вечерва организираше протестна прошетка низ центарот на Скопје, во текот на која тие дадоа свои размислувања на што би можеле да се потрошат финансиските средства од проектот „Скопје 2014“. Поддршка на настанот даде и претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Даница Павловска, како и многубројни членови на ААМ.