Претходна статија
Валандовскиот совет одлучи да се организира референдум за Казандол
Следна статија
Се решава проблемот со атмосферска канализација во населбата Керамидница

Општина Центар реконструира две градинки и го доградува ОУ „Гоце Делчев“

Објавено на 03.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Летниот период од скопската општина Центар се користи за спроведување на реконструкција на две градинки и за доградба на основното училиште „Гоце Делчев“. Во градинката „Корчагин“, која се наоѓа во близина на Градската болница, се реализира целосна реконструкција на објектот изграден пред 43 години. Во завршна фаза е поставувањето на новата фасадна столарија. Сменети се 102 прозорци и поставени се 18 нови врати, со што објектот ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект.

 

 

Во моментов се изработува проект за целосна реконструкција и на клонот на градинката „Пепелашка“ лоциран позади Црвениот крст. Предвидено е да се менуваат вратите и прозорците, а градинката ќе добие целосно нови занимални и помошни простории. Локалните власти од Центар информираат дека ја чекаат одлуката на Советот на град Скопје за ослободување од комуналии во однос на доградбата на дополнителни простории за основното училиште „Гоце Делчев“. Реконструктивниот зафат ќе им обезбеди четири нови училници на учениците, заедно со три помошни простории и поставување на лифт во објектот. Училиштето во иднина ќе има сутерен, приземје и два ката.