Претходна статија
Се планира надградба на граничните премини Табановце и Ќафасан
Следна статија
450 илјади евра за реконструкцијата на седум училишта во земјава

Општина Центар ќе инвестира во реконструкција и надградба на ОУ „Гоце Делчев“

Објавено на 01.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Основното училиште „Гоце Делчев“, кое се наоѓа во строгиот центар на Скопје, ќе се стекне со дополнителни простории и модерен лик. Општина Центар планира да инвестира во надградба на објектот со сутерен, приземје и два ката, но и во изведба на нова фасада и спортско игралиште во дворот на училиштето. Деновиве се распишаа три одвоени тендери за оваа намена, чија вкупна вредност е проценета на околу 250 илјади евра. Проектот предвидува изведба на дополнителни осум училници и лифт, со што објектот ќе стане пристапен за лицата со посебни потреби. Со изведба на нова термичка фасада ќе се имплементираат мерките за енергетска ефикасност.

 

Задолжена за изработка на проектот беше фирмата „Инком Инженеринг“. Од Општината информираат дека со надградба на објектот ќе се обезбедат дополнителни 487 метри квадратни во нето – површина. Градежните активности е планирано да се реализираат во текот на летните месеци.

 

 

Бојан Блажевски