Претходна статија
ЕЛЕМ ќе гради Конгресен центар во Охрид
Следна статија
Уште еден пешачки мост ќе се гради во центарот на Скопје

Општина Центар инвестира во надградба на училиштето „Гоце Делчев“

Објавено на 01.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Основното училиште „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје ќе добие дополнителни училници и реконструирани простории во рамки на постоечкиот објект. Општина Центар денеска го распиша огласот за избор на градежна компанија што ќе ја реализира доградбата и санацијата на училишниот објект, кој пред неколку години доби и нова спортска сала. Од локалниот буџет за претстојниот градежен зафат е предвидено да се издвојат 25.423.728 денари, односно 410.000 евра без вклучен ДДВ. Проектот треба да биде завршен најдоцна за 12 месеци.

 

 

 

Заинтересираните градежни фирми треба да ги поднесат своите понуди до Општина Центар најдоцна до 25 април, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Локалната самоуправа планира со претстојната доградба да обезбеди дополнителни 487 метри квадратни во нето – површина. Покрај новите простории за учениците, со проектот ќе се изврши реконструкција на објектот, вклучувајќи ја неговата фасада и спортското игралиште во кругот на училиштето.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk