Претходна статија
ТЕМА: Чума од негрижа ги уништи македонските автокампови
Следна статија
Се работи на проект за реконструкција на улицата кон гробиштата „Бутел“

Општина Центар и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди

Објавено на 02.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Локалната самоуправа од Центар денеска ја започна реализацијата на проектот „Цел Центар на точак“. И годинава со средства од општинскиот буџет ќе се врши поврат на дел од вложените средства на граѓаните за набавка на нови велосипеди. Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед почнувајќи од 2 мај ќе ја има можноста да побара субвенција во висина од 30% од цената на набавениот велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Граѓаните треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед во архивата на општина Центар.

 

 

Правото на субвенција за купен велосипед е еднократно. Доделувањето на субвенциите ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“ и ќе трае до исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Центар за 2018 година. Општина Центар е првата локална самоуправа во Македонија, која што пред неколку години го започна проектот за поврат на дел од инвестираните средства на граѓаните за набавка на нови велосипеди. Целта на проектот е да се намали сообраќајниот метеж во Скопје и да се покаже грижа за поздрава животна средина.