Претходна статија
Заврши реконструкцијата на блокот „А“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Следна статија
Да се отстранат пристапните бариери за лицата со посебни потреби во сите јавни објекти

Општина Центар и годинава ќе дава субвенции за купување велосипеди

Објавено на 27.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската општина Центар продолжува со реализација на проектот за субвенционирање на набавката на нови велосипеди. Од општинскиот буџет за 2017 година се наменети 2.800.000 денари за набавка на 1.111 велопеди наменети за жителите на нејзината територија. Локалната власт ќе врши поврат до 30% од цената на секој нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Годинешната акција ќе започне од почетокот на мај. Еднократната субвенција може да ја искористи било кој граѓанин на општина Центар, и тоа по набавката на велосипедот што треба да следи по почнувањето на акцијата.

 

 

Граѓаните до општинската архива ќе треба да достават барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка или фактура за купениот велосипед. Проектот „Цел Центар на точак“ се реализира веќе четврта година по ред и во изминативе три години се покажа како успешен. „Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж“ информираат од општина Центар.