Претходна статија
Прва фаза од реконструкцијата на главната сообраќајница во Сарај
Следна статија
Пуштена во употреба нова спортска сала во населбата Ченто

Општина Штип продава 26 градежни парцели за разновидни намени

Објавено на 27.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Штип е предвидено во наредниот период да се градат хотели, станбени згради, индивидуални куќи, деловни објекти и Дом за стари лица. За остварување на овие проекти, локалната власт објави оглас за продажба на 26 градежни парцели на повеќе локации низ Штип. Од нив, 13 се наменети за домување во станбени згради, три за хотели, три за бензински пумпи, две за мали деловни објекти и по една за гаража, Дом за стари лица, станбена куќа, лесна незагадувачка индустрија и за спорт и рекреација. Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште се движи од 61 до 2.300 денари за метар квадратен.

 

 

 

Што се однесува до локациите за градба, две од парцелите за хотели се во реонот на бања Кежовица, еден кај градскиот базен, таму е и локацијата за гаража и за спорт и рекреација. Во сегментот на станбените згради и куќите, тие се на повеќе локации, во Сењак, Баби, Македонка, деловните се во Туртел, локациите за бензински пумпи се во Криви Дол и Драгоево, а во населбата Баби е локацијата за Дом за стари лица. Површината на огласените парцели се движи од 280 до 49.335 метри квадрати.

 

Заинтересираните субјекти имаат рок до 30 март за да ги достават своите апликации за учество на електронското јавно наддавање, кое ќе се одржи на 1 април.