Претходна статија
Скопски „Бетон“ бележи раст на добивката од 35,61%
Следна статија
Нови 120.000 евра за довршување на плоштадот „Пресвета Богородица“

Општина Штип продаде осум градежни парцели

Објавено на 13.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На вчерашното електронско јавно наддавање, Општина Штип продаде осум од 23-те неодамна огласени градежни парцели. По цена од 6.500 денари за метар квадратен, продадена е парцела за изградба на бензинска станица во населбата „Балканска“, како и парцела за изградба на деловен објект во населбата „8 ми Ноември“. На преостанатото градежно земјиште инвеститорите ќе градат станбени згради и куќи. Финансискиот ефект од електронската лицитација е 19.109.820 денари, од кои во штипскиот локален буџет ќе се слеат 15.287.856 денари (250 илјади евра).

 

* Извор на фотографија: Општина Штип

 

 

Инвеститорите во наредните 15 дена треба да ги уплатат финансиските средства за секоја од продадените градежни парцели. Општина Штип по овој рок ќе ги објави и имињата на компаниите што ќе вложат во идните објекти. За обезбедување на одобрение за градење за бензинската станица, деловниот објект, станбените згради и куќи е пропишан рок од девет месеци.