Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: И по три години не е готова општинската зграда на Ѓорче Петров
Следна статија
Нова детска градинка отворена во скопската населба Радишани

Општина Штип продаде 43 локации за градба

Објавено на 30.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Штипската локална власт вчера продаде 43 градежни парцели на неколку локации во градот и околината. По пат на електронска лицитација беа отуѓени 32 парцели за изградба на куќи и седум за изградба на станбени згради во Штип, а по една за изградба на хотел во бањата Кежовица, голем трговски центар, бензинска пумпа во месноста Криви Дол и за лесна и незагадувачка индустрија во населбата Балканска. Локалната самоуправа е задоволна од вчерашната лицитација, посочувајќи дека се продадени 43 од вкупно 55 огласени парцели.

 

„Од продажбата на овие 43 парцели остварен е приход од 50,2 милиони денари, или над 800.000 евра. Од оваа сума, по уплатата од страна на странките, 80% ќе се слеат во буџетот на општина Штип, а 20% во државниот буџет“ информираше Драган Ристов, советник за односи со јавност во општина Штип.