Претходна статија
Штипски „Бетон“ со минус во работењето од 63,6 милиони денари
Следна статија
Од денеска пријавување за субвенции за купување на печки за пелети во Скопје

Општина Кочани продава градежно земјиште

Објавено на 15.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Локалната самоуправа од Кочани денеска објави оглас за продажба на осум градежни парцели за изградба на индустриски објекти и куќи на територијата на оваа општина. Во месноста „Драчевиќ“ се продава земјиште со површина од 1471, 1557 и 1587 метри квадратни за издигнување на објекти од лесната индустрија и малото стопанство. Во зимско – рекреативниот центар „Пониква“ се нудат две локации за изградба на викенд – куќи со површина од 1099 и 950 метри квадратни. Дополнителни три парцели во градот се продаваат за изградба на објекти за индивидуално домување.

 

Почетната цена на огласеното земјиште за продажба изнесува 61 денари по метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави за учество најдоцна до 5 декември (за индивидуалните куќи во Кочани), 18 декември (за индустриските објекти) и 25 декември (за викенд – куќите на Пониква). Електронските јавни наддавања се закажани за 7, 20 и 27 декември.