Претходна статија
Монтажен паркинг ќе се гради кај трговскиот центар „Буњаковец“
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради водоводот во Општина Сопиште

Општина Кисела Вода доби нов Дом на културата

Објавено на 28.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши реконструкцијата на Домот на културата во скопската општина Кисела Вода. Проектот започна да се изведува во 2014 година, со финансиски средства обезбедени од Министерството за култура и од општина Кисела Вода. Во проектот беа инвестирани 42 милиони денари од надлежното министерство и 9 милиони денари од локалната самоуправа. Новиот објект се протега на површина од околу 900 метри квадратни, има сала за одржување на театарски претстави и кино проекции со капацитет од 169 седишта, библиотека и други простории.

 

* Извор на фотографија: општина Кисела Вода

 

Градежните работи ги изведе фирмата АД „Карпош“ од Скопје. Проектната документација ја изготви Ј.П. за Просторни урбанистички планови од Прилеп. На свеченото пуштање во употреба на објектот присуствуваа градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.