Претходна статија
Стопанствениците бараат да се изгради инфраструктурата за индустриската зона Визбегово
Следна статија
Во Штип се изведува втората фаза од обиколницата на градот

Општина Карпош ќе изготви идеен проект за обнова на спортската сала „Партизан“

Објавено на 21.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Работна група во рамките на општина Карпош е спремна да го изработи идејниот проект за обнова на спортската сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3. Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев вчера го посетија ова спортско здание подарено од Република Франција по скопскиот земјотрес. „Партизан е симбол на Карпош и драго ми е што е препознаена нашата иницијатива и желба за спас на овој објект од повеќе чинители“, изјави градоначалникот Стефан Богоев.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

Локалните власти очекуваат од владата да им ја отстапи во владение салата „Партизан“, по што би започнале подготовките за санација на ова здание. Веќе беше остварена средба и со авторот на спортската сала – архитект Трајко Димитров, а е испратено и барањето до македонската влада за префрлање на сопственоста на овој објект на општина Карпош.