Претходна статија
Централната власт ќе поставува фитнес реквизити по парковите
Следна статија
Еколошко загревање на училиштето „Димо Хаџи Димов“

Општина Гевгелија продава 22 парцели за домување

Објавено на 30.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вкупно 22 градежни парцели наменети за домување, лоцирани во три станбени зони во Гевгелија продава тамошната локална самоуправа. Од нив 20 се плацови за изградба на куќи, со почетна цена на земјиштето од 61 денар за метар квадратен, а две се парцели за станбени згради во новата населба крај Моински пат, со почетна цена од 2.090 денари за метар квадратен.

 

Заинтересираните субјекти за инвестирање во колективни згради треба да достават пријави најдоцна до 28 април, а електронската лицитација ќе се одржи на 5 мај. Во делот на куќите за индивидуално домување, на продажба се шест парцели на Мрзенски рид со површина од 773 до 1.280 метри квадратни. Граѓаните ја имаат можноста да изберат уште две места за изградба на сопствена куќа во Гевгелија – Моински пат и населбата Караорман. Електронското јавно наддавање за ова градежно земјиште е планирано да се одржи на 21 и 22 април, додека пријавите на заинтересираните субјекти треба да се достават најдоцна до 18 април.