Од објавените 10 градежни парцели за домување во станбени објекти во општина Гевгелија, инвеститорите купија 8 локации за градење, додека за 2 парцели немаше заинтересиран инвеститор. Како што информираат од општина Гевгелија, на електронското јавно наддавање се пријавиле 15 понудувачи. Двете парцели за индивидуално домување крај Моински пат се продадени по цена од 71 денар за метар квадратен. Исто така, беа продадени 4 градежни парцели во станбената населба Караорман во Гевгелија, со постигната цена од 71 и 101 денар за метар квадратен.
Два резиденцијални станбени објекта ќе се градат и на локацијата Мрзенски рид. Општинските власти успеаја да ги продадат овие локации за градење, по цена од 91 и 271 денар за метар квадратен. Доколку нема приговори, постапката за отуѓување на предметното градежно земјиште ќе продолжи согласно законот. Огласот за продажба на градежното земјиште беше објавен кон средината на јуни.