Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе гради барок на „Бихаќка“
Следна статија
Четири години се бара инвеститор за Луна паркот

Општина Битола ја гради инфраструктурата за населбата „Златен рид“

Објавено на 27.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина БитолаИдната битолска населба „Златен рид“ ќе добие патна инфраструктура, атмосферска и фекална канализација преку проектот за изведба на инфраструктурата во рамките на поранешната касарна „Стив Наумов“. Локалната самоуправа веќе ги започна градежните работи со кои ќе се урбанизира овој простор во близина на центрот на Битола. „Во непосредба близина на градскиот стадион под Тумбе Кафе ќе изградиме улица која што директно влегува во поранешната стара касарна. Станува збор за инвестиција вредна околу 20 милиони денари, со која ќе се изградат две линии долги по 1.200 метри за атмосферска канализација и една линија од 1.600 метри за фекална канализација. На овој потег ќе биде изградена голема транзитна улица со подземни инсталации и други проектни содржини“, изјави денес битолскиот градоначалник Владимир Талески.

 

Изведбата на неопходната инфраструктура доаѓа по инвестицискиот циклус од приватниот сектор во делот на изградба на станбени згради и куќи за домување во новата населба. Досега се продадоа десетици парцели за изградба на нови објекти, а веќе се завршени дел од станбените згради што почнаа да ги градат приватните инвеститори. Покрај за домување, населбата „Златен рид“ ќе се состои од големи трговски единици, хотели, катни гаражи, објекти за спорт и рекреација и други пропратни содржини што се потребни за идните жители. За некогашната касарна се изработени три урбанистички планови со вкупна површина од 103 хектари.

 

 

» Форумска дискусија за проектот „Старите касарни за нов развој“