Претходна статија
И во јуни огромен раст на бројот издадени одобренија за градење на станови
Следна статија
Нов пешачки мост на Вардар ќе ја зголемел туристичката атрактивност на Скопје

Општина Аеродром почнува проект за обнова на фасадите

Објавено на 16.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Инком Инженеринг“ од Скопје е избрана за изработка на проекти за реконструкција на фасадите на станбени објекти на територијата на скопската општина Аеродром. Локалните власти ќе потрошат околу 2,7 милиони денари за подготовка на проектната документација, која треба да претставува основа за натамошните градежни зафати. Основните проекти ќе бидат изработени најдоцна за 12 месеци, по што ќе следува изборот на станбени објекти што ќе добијат енергетски ефикасни фасади и распишување на тендер за избор на градежна компанија.

 

 

 

Од општина Аеродром во февруари годинава информираа дека со проектот најпрво ќе бидат опфатени 18 најоштетени згради на нејзина територија. Реализацијата на проектот ќе почне во 2017 година, а планирано е годишно да се реконструираат од 10 до 20 фасади на постари станбени објекти.