Општина Аеродром деновиве склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на градинката „Буба Мара“, како и за уште една градинка во склоп на објектот „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче. Проектната задача за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и на внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо – фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна и на санитарните јазли.
* Извор на фотографија: Општина Аеродром
Од општина Аеродром денеска соопштија дека новата детска градинка во склоп на објектот „Буба Мара“ ќе опфати изградба на површина од приближно 1.000 метри квадратни, каде треба да се реализираат минимум шест занимални, вклучувајќи и санитарни јазли за секоја од овие простории. При проектирањето на двете нови детски градинки ќе се запазат стандардите за енергетска ефикасност, со што ќе се обезбедат потребните услови за предучилишно згрижување на децата.