Претходна статија
Ќе се издигне Спомен парк во чест на Никола Карев во месноста Свиланово
Следна статија
Поставен еколошки билборд „City tree“ во центарот на Скопје

Огласени на продажба осум градежни парцели во Пробиштип

Објавено на 22.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Пробиштип објави оглас за продажба на осум градежни парцели за изградба на нови објекти. Станува збор за земјиште со површина од 359 до 843 метри квадратни што се наоѓа на неколку локации во градот. На градежните парцели е планирано да се градат два комерцијални објекта за трговија, станбена зграда, два деловни објекта, две фабрики и една индивидуална куќа за домување. Почетната цена за продажба на земјиштето се движи од 61 денар за метар квадратен за изградба на индустриските објекти до 1.100 денари за парцелите наменети за деловни и комерцијални објекти.

 

 

Продажбата на земјиштето ќе се одржи по пат на електронско јавно наддавање. Заинтересираните лица имаат рок до 28 март за да ја достават целокупната документација по електронски пат. Лицитацијата на градежното земјиште ќе се одржи на 30 март. По отуѓувањето на земјиштето, приватните инвеститори ќе добијат временски период од девет месеци за да обезбедат одобрение за градење од општината.