Претходна статија
Македонските градежници ги губат странските пазари
Следна статија
Владата најавува купување нови патнички моторни гарнитури за МЖ - Транспорт

Од почетокот на минатата година Министерството за транспорт и врски склучило 504 договори за продажба на државно градежно земјиште

Објавено на 29.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски од почетокот на минатата година досега склучило 504 договори за продажба на државни градежни парцели со различни намени за изградба. Меѓу нив 193 се со намена за лесна индустрија, сервиси и стоваришта, 21 за колективно домување, 17 се за комерцијално – деловни објекти, 13 за хотели, 9 за откупни центри за земјоделски производи, 6 за големи трговски единици и 3 за катни гаражи. Минатата година се склучени 331 договор преку 226 објави за учество во електронско  наддавање, при што се остварени приходи од 1.579.785.984 денари, а годинава 173 договори  за кои биле распишани 175 објави, со приход од 536.413.986 денари.

 

Од договорите што биле склучени лани еден е спогодбено раскинат, а за 21 се поведени судски постапки за еднострано раскинување бидејќи не биле почитувани роковите за добивање соодветна градежно – техничка документација. За пет договори тие рокови се продолжени откако е утврдено дека причина за необезбедување на потребната документација навреме е одолговлекување на постапката од надлежен орган. За 20 договори, пак, во тек е постапка за добивање мислење за раскинување од Државното правобранителство со цел правилно толкување на законските одредби. Сите локации за кои се раскинати договорите, се враќаат во сопственост на државата и можат повторно да бидат предмет на отуѓување преку електронско јавно наддавање. Од склучените 173 договори од почетокот на годината ниту еден не е раскинат, ниту пак е почната постапка за такво нешто, со оглед дека се уште течат роковите. Согласно Законот за градежно земјиште, 20 проценти од парите од продажбата се слеваат во државниот Буџет, а 80 проценти во буџетот на општината во која се наоѓа продаденото земјиште.