Претходна статија
Се продава нова градежна парцела кај старата железничка станица
Следна статија
„Бетон“ ќе гради подземна пристапна улица до катната гаража кај „Беко“

Од денеска започнува новата сезона за изнајмување велосипеди во Скопје

Објавено на 02.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Дополнителни 75 велосипеди како донација од Градот Скопје и отворање пункт за изнајмување кај Зоолошката градина се новостите кои ги очекуваат скопјани на почетокот од реализацијата на третата сезона од проектот „Изнајми велосипед“. Според известувањето од Ј.П. „Градски паркинг“, цената на изнајмување на ова еколошко превозно средство за еден час останува непроменета, и понатаму ќе изнесува 10 денари од час во текот на претстојната сезона. Идентична останува и процедурата – со приложување лична карта и пополнување лист со лични податоци. Покрај предвидениот пункт за изнајмување кај Зоолошката градина, на располагање се и локациите кај паркингот во близина на плоштад Македонија, паркингот кај фабриката „Треска“ и паркингот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

 

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ за новата сезона обезбеди 140 велосипеди за изнајмување. Велосипедите ќе може секојдневно да се преземаат и враќаат на утврдените пунктови во периодот од 7 до 23 часот, а по неговото изнајмување истиот може да се врати на било кој од пунктовите во градот. Воведувањето на јавен велосипедски превоз е моментална активна стратегија на мнозинството европски градови, особено по зголемувањето на еколошката свест кај граѓаните и властите и поскапувањето на горивата. Заштедата на финансиски средства, поголемата безбедност при превозот, зачувувањето на животната средина и зголемената физичка активност на граѓаните се само мал дел од предностите кои ги нуди употребата на ова превозно средство.