Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од денеска ќе лета кон три нови дестинации од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Два пати неделно од Скопје ќе сообраќаат авиони кон Малта, Рим и шведскиот град Векше. Картите за овие дестинации веќе се пуштени во продажба на Интернет. Со тоа, авикомпанијата „Визер“ ќе лета кон вкупно 29 дестинации од двата македонски аеродрома. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваше на денешната промоција на трите нови летови, најавувајќи нови проекти за натамошен развој на воздухопловниот превоз во земјава.
„Нашите заложби како влада и понатаму ќе бидат во насока на континуирано подобрување на авиосообраќајот во Република Македонија. За таа цел ќе се обидеме и Охридскиот аеродром да го промовираме во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат евтини летови за бројни атрактивни дестинации“ изјави министерот Сугарески. ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележал пораст од 6% на бројот на патници во однос на истиот период лани. Од јануари до јуни низ двата аеродрома минале 860.130 патници.