Претходна статија
Нова промена на Законот за градење
Следна статија
Архитектонски конкурс за иден развој на автокампот „Ливадиште“

Од 5-ти јуни нови субвенции за велосипеди во Општина Центар

Објавено на 06.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По успехот и огромниот интерес на жителите во изминативе години, скопската општина Центар се одлучи и годинава да ја спроведе акцијата „Цел Центар на точак“. Секој заинтересиран граѓанин од централното градско подрачје ќе може да добие субвенција до 30% од вредноста на купениот нов велосипед, при што најголемата сума што ќе може да се исплати изнесува 3.000 денари. Од локалниот буџет за 2016 година за овој проект се предвидени 2.800.000 денари. Проектот „Цел Центар на точак“ ќе почне да се реализира од денот на објавувањето на повикот до граѓаните.

 

 

 

Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, започнувајќи од 5-ти мај, треба да достави копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општината, фискална средства со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, како и копија од трансакциска сметка. Од општина Центар информираат дека во изминатите две акции се исплатени субвенции за купување на нови 1.867 велосипеди.