Претходна статија
Промовирана книгата „Од фрагментиран кон еластичен град“ на Дана Јовановска
Следна статија
Субвенции за пренамена на стари селски куќи во туристички апартмани

Обновена уште една фасада во Старата скопска чаршија

Објавено на 02.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рамки на проектот на Министерството за култура за конзервација и реставрација на фасади во старите градски јадра, обновен е уште еден објект лоциран во Старата скопска чаршија. Станува збор за објектот на улица „Евлија Челебија“ бр. 3а, кој е еден од најстарите дуќани за боење текстил. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека овој дуќан датира од почетокот на 20 век и содржи автентично зачувани архитектонски карактеристики типични за дуќаните од тој период.

 


* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Со проектот за конзерваторско-реставраторски интервенции, кој го изведуваат стручни екипи на Конзерваторски центар-Скопје, се зачуваа неговите архитектонско-стилски вредности и се овозможи враќање на автентичниот изглед на фасадата на овој објект. Министерката за култура информира дека се променети целиот покрив, фасадата и прозорците на дуќанот, за што се издвоени 2 милиони денари. Зачувани се и казаните каде се обработуваат и бои ткаенината.

 

Со акцискиот план за реконструкција на повеќе фасади во градските јадра во повеќе градови низ државата, во Старата скопска чаршија беа обновени фасадите на три објекти, кои имаат впечатливи архитектонско-стилски карактеристики и препознатлив стилски израз особено во фасадниот дел. Конзерваторскиот центар-Скопје за годинава планира да го обнови објектот во кој е сместена самата институција, а се изработени и пет други проекти за конзервација и реставрација на зданија од Старата скопска чаршија.