Претходна статија
Општина Штип го раскина договорот за уредување на Отиња
Следна статија
МЖ - Транспорт вложува во поправка на дотраените товарни вагони

Обновена фасадата на Куќата на Бектешовци во Прилеп

Објавено на 16.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска ја промовираа реконструираната Куќа на Бектешовци во прилепската Стара чаршија. Надворешноста на објектот со културно и историско значење беше целосно реставрирана во изминативе неколку месеци, со што на уникатната фасада на зданието и е вратен некогашниот сјај. Куќата на Бектешовци е изградена во 1923 година и е препознатлива по запазувањето на европската градителска традиција. Реставрацискиот процес е спроведен во рамките на проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на фасади во позначајните градски јадра во земјава.

 

извор: Министерство за култураизвор: Министерство за култура

 

 

Маркантното здание во центарот на Прилеп има два ката, поткренати на подрумски простории. Располага со повеќе соби, голем салон со тавани повисоки од три и пол метри. Со реставрацијата се запазени сите некогашни карактеристики на раскошната фасада. На главниот влез се декорирани античките столбови и мермерните широки скали, а дворот е ограден со железна кована ограда, изработена од прилепските мајстори. За реализација на овој проект министерството одвои три милиони денари. Во претстојниот период во Прилеп ќе бидат обновени уште 14 стари куќи со градска и амбиентална архитектура.