Претходна статија
Грчката „Ремеди Адвертајзинг“ се откажа од автобуските постојки во Скопје
Следна статија
Дрекслмајер ќе гради фабрика во Кавадарци

Облакодерите во Аеродром ќе бидат завршени за три години

Објавено на 16.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска на градилиштето на „Џеваир“ во скопската општина Аеродром [»мапа] беше одржана свечена церемонија со која беше официјално означен стартот на изградбата на комплекс кој ќе се состои од четири станбени згради високи по 130 метри и трговски центар. Според претседателот на „Џеваир Холдинг“, Ибрахим Џеваир, се работи за инвестиција тешка околу 300 милиони евра, која ќе се реализира во наредните 36 месеци.

 

Станбените згради ќе имаат по 42 спрата и вкупна површина од 286.000 метри квадратни. Предвидени се три типа на станови: 640 двособни од 54 метри квадратни, 480 трисобни од 62 метри квадратни и 256 четирисобни од 95 метри квадратни, односно вкупно 1.376 станови. Станарите на располагање ќе имаат три покриени базени, а 5.600 метри квадратни од корисната површина на кулите ќе биде наменета за сауна и турска бања, какои рекреативни активности од типот на сквош и пинг-понг, фитнес и аеробик сали. На две подземни нивоа ќе бидат обезбедени вкупно 2.200 паркинг места. Трговскиот центар ќе биде со површина од 26.000 метри квадратни.

 

Земјиштето на кое ќе никне комплексот е со површина од 33.610 метри квадратни и „Џеваир“ го купи од државата за вкупна сума од околу 2,5 милиони евра. Градежните активности на проектот во помала мерка стартуваа уште кон крајот на 2010 година.

 

 

Визуелизации:

###

 

 

Од градилиште:

###

###

###

###

###