Претходна статија
Прва Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид
Следна статија
Започна приклучувањето на гас на домаќинствата во Струмица

ФОТО ВЕСТ: Облакодерите во Аеродром ближат кон 35-тиот кат

Објавено на 30.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Станбените облакодери во општината Аеродром кои ги гради турскиот холдинг „Џеваир“ се извишуваат според планираното темпо. Во моментов карабината на повисоката од двете згради кои се градат во оваа фаза достигна до 33-тиот кат, не сметајќи го приземјето, а втората заостанува за два ката. Кога ќе бидат завршени ќе имаат приземје и 40 ката, со вкупна висина од 130 метри. Објектите исто така имаат и по две подземни нивоа.

 

Генералниот директор на холдингот, Есер Џеваир, неодамна изјави дека овие две згради ќе бидат вселиви до крајот на 2014 година. Во втората фаза на проектот треба да бидат изградени уште две идентични висококатници, како и трговски центар со површина од околу 26 илјади метри квадратни

 

 

###

###

###

###