Претходна статија
ИНТЕРВЈУ: Јани Макрадули - кандидат за градоначалник на Скопје
Следна статија
Рокот за доставување понуди за изградба на скопскиот трамвај продолжен до 24 април

Објавен тендер за реконструкција на објектот Албански театар – Скопје

Објавено на 04.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Раководството на Н.У. Албански театар од Скопје денеска објави тендер за избор на компанија која што ќе ја врши реконструкцијата, адаптацијата и санацијата на зданието во кое е сместена оваа театарска установа. Темелната обнова на објектот вклучува изведување на активности во сите сегменти – архитектура, сценска технологија, ентериер и инсталации кои ќе допринесат за подобрување на работните услови на драмските уметници, но и за публиката што ги следи театарските изведби. Идејното решение за овој зафат го изработи бирото „Мегарон инженеринг“ од Скопје. Градежните и останатите интервенции во објектот ќе се одвиваат во период од 12 месеци, а доколку успешно се реализира тендерската постапка, тогаш истите треба да завршат на средината од 2014 година.

 

Заинтересираните градежни компании можат да ги достават своите понуди најдоцна до 20 мај 2013 година. Според тендерската документација, при изборот на најповолен понудувач, со 80 бодови ќе се вреднува цената за изведување на градежниот зафат, додека со максимални 20 бодови ќе се оценува рокот за завршување на работите. Театарската установа Албански театар од Скопје уште во 2010 година побара од државните власти да вложат финансиски средства во целосна реконструкција на објектот. Зданието во кое секојдневно работат уметниците е изградено во 1974 година и досега ниту еднаш не е реконструирано.