Претходна статија
ИНТЕРВЈУ: „Скопје 2014“ би го опишал со зборот „исклученост“
Следна статија
ЕЛЕМ ќе бира нови локации за термоелектрани што ќе користат увозен јаглен

Објавен тендер за реконструкција на блоковите „В“ и „Г“ од домот „Гоце Делчев“

Објавено на 25.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука денеска го објави тендерот за санација и адаптација на блоковите „В“ и „Г“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Со градежниот зафат треба да се реконструираат прозорците, подовите, вратите, плочките и осветлувањето во овие два блока. Проценетата вредност на проектот изнесува 152 милиони денари, не вклучувајќи го ДДВ. Градежните компании имаат рок до 15 февруари за да ги достават своите понуди, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

За двата блока „В“ и „Г“ веќе е изработена целокупната техничка документација за претстојната санација. Надлежното министерство периодов работи на реконструкцијата на блокот „А“ од домот „Гоце Делчев“, каде работите ги изведува тетовската фирма „НБ Компани“. Со реализација на претстојниот зафат ќе се реконструира во целост студентскиот дом „Гоце Делчев“, вклучувајќи ја мензата и партерното уредување на околниот простор. Во ноември 2015 година беше комплетирана санацијата на блокот „Б“ од ова здание.

 

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската населба Тафталиџе е изграден во текот на 70-те години на XX век според изработениот проект на архитект Георги Константиновски. Бруталистичката архитектура на ова дело е наградена со „Борбина плакета“ од водечкиот југословенски весник „Борба“. Зданието е поделено на четири блока, кои се состојат од 544 двокреветни соби, 64 еднокреветни соби и 54 соби за студенти во брак.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk