Претходна статија
Советот на Град Скопје одлучува како ќе изгледаат зградите во Скопје
Следна статија
2016 година - идеален период за купување на нов стан

Обезбеден современ простор за децата од градинката „13-ти Ноември“

Објавено на 15.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По цели 60 години, првата скопска градинка е целосно реконструирана. Општина Центар во изминативе неколку месеци инвестираше над 28 милиони денари во санација и проширување на просториите од градинката „13-ти Ноември“. Со завршувањето на втората фаза од градежниот зафат е обезбеден модерен простор за 100 деца, на возраст од 8 месеци до 3 години. „Градинката сега има нова водоводна, електрична и топлотна инсталација, нови плочки и паркет“, појаснуваат од Општина Центар.

 

* Извор на фотографии: Општина Центар

 

 

Со реализираниот проект се обезбеди простор од 880 метри квадратни за нови занимални, тријаж, санитарии, кујна и лифт за достава на храна. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ветува дека со градежните потфати нема да се застане, најавувајќи дека ќе продолжи реконструктивниот зафат и на другите детски градинки во центарот на Скопје.

 

 

 

При реконструкцијата на градинката „13-ти Ноември“ се користени еколошки градежни материјали, кои ги задоволуваат европските еколошки стандарди. Со зафатот се имплементирани и мерките за енергетска ефикасност.

 

 

 

Градежните работи за санација и проширување на градинката „13-ти Ноември“ започнаа минатото лето. Зафатот го реализираше фирмата „Жикол“ од Струмица.