Претходна статија
Градежниот сектор оптимистички гледа на иднината
Следна статија
Министерството за образование и наука ќе реконструира 13 училишта

Ново одложување на пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 11.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Иако беше најавено дека ќе биде пуштен во употреба до ноември годинава, македонската влада повторно го одложи крајниот рок за довршување на автопатот Демир Капија – Смоквица. На предлог на Министерството за транспорт и врски, македонската влада се согласи на потпишување на нов анекс на Договорот за изградба на автопатската делница во должина од 28,2 километри. Со овој анекс се продолжува рокот за довршување на автопатот до 28 февруари 2018 година. Од владата информираат дека наредните месеци ќе се искористат за изградба на контролниот центар за автопатот во Неготино и за дислокација на 400 киловолтниот далновод од трасата.

 

 

Продолжувањето на рокот ќе ја поскапи изградбата на автопатот за дополнителни 850.000 евра, кои се неопходни за продолжување на договорот за надзор над градежните работи од страна на надзорниот орган. Средствата ќе се обезбедат од подигнатиот заем за автопатот. Да потсетиме, автопатот требаше да биде отворен за сообраќај уште во септември 2016 година. На автопатската делница ќе треба да се изгради и наплатната рампа „Миравци“, за која допрва треба да се распише нова тендерска постапка.

 

Автопатот Демир Капија – Смоквица се гради уште од 2012 година. Градежните работи ги изведува грчката фирма „Актор“, а надзорот го врши француската компанија „ЕЖИС“.