Претходна статија
Бројот на паркинг - места лани се зголемил за речиси 4.000
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“

Новите возови ќе се сместат во реконструирано железничко депо

Објавено на 22.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Депо ЛисичеЗа подобрување на условите за работа и поефикасно одржување на возовите, Македонски железници – Транспорт ќе ја реконструира работилницата во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Јавното претпријатие веќе потпиша договор со проектантското друштво „Пробела“ од Прилеп, кое има рок од 12 месеци за да ја изработи проектно – техничката документација за реновирање и адаптација на работилницата за одржување на железничките возила. За проектантските услуги се одвоени финансиски средства во износ од 740.922 денари.

 

Реконструкцијата на железничкото депо во општина Аеродром ќе треба да се реализира пред пристигнувањето на новите патнички возови на МЖ – Транспорт. За нивното успешно сервисирање е неопходна санација на објектот каде што и досега се вршеа поправките на возниот парк и се гаражираа моторните гарнитури, кој воедно претставува единствен објект од ваков тип во земјава. Огласот за избор на компанија за изготвување на проектот беше распишан на почетокот од годинава.