Претходна статија
Подновен Мостот на револуцијата
Следна статија
Нов Генерален урбанистички план на Прилеп

Нови три милиони евра од ЕБОР за мали хидроелектрани

Објавено на 17.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Европската банка за обнова и развој и додели заем на домашната „Хидро енерџи груп“ (ХЕГ) во вредност од три милиони евра. Со него ќе биде финансирана изградбата на три мали хидроелектрани во западниот дел на Македонија. Хидроелектраните ќе имаат вкупен инсталиран капацитет од 3,73 мегавати и во просек ќе произведуваат околу 10 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. Ова е трет заем на ЕБОР доделен на приватниот сектор во Македонија за инвестиции во енергетски капацитети обезбеден преку директната кредитна линија за инвестиции во одржливи извори на енергија во Западен Балкан.