Претходна статија
Нов мост кај Сарај
Следна статија
Се гради објект за скопската градска администрација

Нови станбени згради во Аеродром

Објавено на 03.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес беше поставен камен – темелник за изградба на комплекс од седум станбени згради во Реонскиот центар „Аеродром“. Инвеститор е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП), а становите се комерцијални и ќе се продаваат по цени не повисоки од 800 евра за квадратен метар.

 

Државните и локалните власти излегоа со различни бројки во однос на бројот на становите и вкупната површина на истите. Порталот на Владата на Р.М. известува за изградба на 350 станови и подземна гаража на површина од 25.000 квадратни метри, додека општина Аеродром најавува поскромна градба на 325 станови на површина од 20.670 метри квадратни.

 

Вкупната инвестиција во проектот изнесува 824 милиони денари. Рокот за завршување на комплексот е 24 месеци, а како изведувачи се јавуваат компаниите Синтек, Декон – Ком и  Вардарградба. Проектант на станбените згради е Прима инженеринг, додека како надзорен орган се јавува самото Јавно претпријатие.

 

На поставувањето на камен – темелникот на новите згради во населбата Ново Лисиче присуствуваа премиерот на Р.М. Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески и директорот на ЈПССДП Владимир Бахчовановски.

 

*Извор: интернет – портал на општина Аеродром

 

 

Бојан Блажевски