Претходна статија
„Лимак“ ќе гради подземна делница од Јужниот булевар долга 800 метри
Следна статија
Автобуските стојалишта во Скопје ќе ги уредува грчката „Ремеди Адвертајзинг“

Новата ролерско – велосипедска патека на левиот брег на Вардар пуштена во употреба без изграден мост

Објавено на 13.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ролерско – велосипедска патека на левиот кеј на реката Вардар, на потегот од булеварот Гоце Делчев до булеварот 8 Септември, денеска свечено беше пуштена во употреба, но мост преку каналот Серава сеуште не е изграден. Граѓаните нема да можат во целост да ја користат патеката, па така тие ќе може да се превезуваат и рекреираат на сегментот од булеварот 8 септември (хотел Александар Палас) до постоечката кајакарска патека на Вардар во должина од 450 метри, како и од Серава до мостот Гоце Делчев во должина од околу 2.500 метри. Според зборовите на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во текот на оваа година ќе се изгради и потребниот мост со кој ќе се поврзе велосипедската патека од Центар до Карпош. Покрај каналот Серава, „црна точка“ за велосипедистите кои ја користат 7,5 километри долгата патека од левата страна на Вардар се и градежните активности од проектот „Скопје 2014“.

 

„Новата ролерско – велосипедска патека е долга 3.000 метри, а широка 4,4 метри. На терен беше направен ископ, беше нанесен тампонски слој и беа поставени рабници. Патеката е асфалтирана и обележана. Како дел од градежните работи на новата ролерско – велосипедска патека, по нејзината должина е изграден и потпорен ѕид на делот каде што не е регулирано коритото на Вардар. Ѕидот е долг 80 метри, со променлива висина од 0 до 4 метри во зависност од конфигурацијата на теренот“, изјави градоначалникот Трајановски во денешната пригода. За изградбата на патеката која ја вршеше „Жикол“ се издвоени 16,5 милиони денари, а за осветлувањето кое го постави „Магнус инженеринг“ се издвоени 5,3 милиони денари. Новото осветлување се состои од 98 метални столбови високи по 6 метри.

 

 

###

###

Прекинот кај СераваПрекинот кај СераваПрекинот кај Серава