Претходна статија
Трошоците за изградба на куќа за една година пораснале за 6,4%
Следна статија
Зданијата на Модерната во Скопје изумираат како диносауруси

Новата населба Хиподром 2 ќе добие водоводна и канализациона мрежа

Објавено на 03.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Следната фаза од изградбата на целосната инфраструктура во новооформената населба Хиподром 2 ќе се гради во 2019 година. Општина Гази Баба во изминатиов период работеше на одвојување на веќе изградената водоводна и канализациона мрежа, а во наредниот период ќе се изврши спојување на канализацијата со главниот колектор. Општинските власти планираат да ја доградат дополнителната траса од водоводот и канализацијата за оваа населба, за што веќе е распишан тендер и се предвидени средства од буџетот во висина од околу 17 милиони денари.

 

Општина Гази Баба планира најпрво да ја доврши водоводната и канализационата мрежа во населбата. Во фазите по неа, во населбата би се изведувала уличната мрежа, а со урбанистичкиот план за оваа локација е предвидена и изградба на основно училиште, градинка и здравствен дом. Во Хиподром 2 е зацртано да се изградат 300 куќи и 12 станбени згради, при што дел од градежните парцели веќе се продадоа од општинските власти во изминативе неколку години.