Претходна статија
На пругата од Битола кон Грција се превезуваат неисполнети ветувања
Следна статија
„Статистика“ тврди дека градежништвото годинава бележи значаен раст

Нова зграда ќе никне на местото на Геолошкиот завод

Објавено на 11.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Службата за општи и заеднички работи на Владата денеска публикуваше повик за избор на градежна компанија која ќе ги изведува градежните и градежно – занаетчиските работи за изградба на нов административен објект, на местото на руинираниот Геолошки завод во центарот на Скопје [»мапа]. Идните простории наменети за вработените од Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод и од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката (АДСДП) треба да се изградат во рок од 24 месеци од страна на компанијата која ќе настапи со најповолна понуда. Понудите треба да се достават најдоцна до 27 декември.

 

Објектот ќе има приземје и шест ката и ќе биде висок 25 метри. Ќе содржи административен, деловен и комерцијален простор со вкупна површина од 8.027 метри квадратни. Идејниот и основниот ревидиран проект го изработи бирото „Архитектоника“ од Скопје. Автор на идејното решение за новата градба на улицата „Бихаќка“ е архитектот Жарко Чаушевски. Пред да започне со изградба, изведувачот ќе мора да ја сруши зградата на некогашниот Геолошки завод, кој долго време претставуваше и алтернативен изложбен простор за македонски и странски ликовни уметници.