Палатата „Емануел Чучков“ на Бихаќка ќе проголта нови 26,7 милиони денари
Македонската влада ќе потроши нови 26,7 милиони денари за довршување на „барокната“ палата „Емануел Чучков“ лоцирана на местото на некогашниот Геолошки завод. Двата склучени договора се однесуваат на изведба на непредвидени работи на објектот, како и за партерно уредување на околниот простор. За изведувачи на работите се избрани фирмите „Бауер БГ“ и „Промонтинг“ од Скопје.