Претходна статија
Грчката државна компанија единствена заинтересирана за ХЕ „Чебрен“
Следна статија
ААМ ја продолжува борбата против обезличување на ГТЦ

Нова тура споменици во центарот на Скопје

Објавено на 03.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров Русински, Андон Лазов Јанев – Ќосето и Ѓорѓи Сугарев се следните пет историски личности кои ќе добијат спомен – обележја во центарот на Скопје, јавува телевизијата „24 вести“. Покрај новите пет споменици, предвидено е да се изгради и една фонтана. Три од новите спомен – обележја ќе бидат поставени во близина на МАНУ и на Народно – универзитетската библиотека и кај кружниот тек на хотелот „Континентал“, додека за останатите не се открива конкретната локација, но се претпоставува дека тие ќе се постават на идниот плоштад „ВМРО“. Новина во натамошниот развој на проектот „Скопје 2014“ е промената на инвеститорот. Па така, наместо Општина Центар, овие споменици во иднина е планирано да ги реализира Градот Скопје.

 

Засега е непознато колку пари ќе се одвојат за новите објекти во централното градско подрачје. Во Програмата за спомен – обележја што ја предлага Градот Скопје се наведува дека новиот градителски потфат ќе се реализира поради законските, морални и цивилизациски обврски на државата и на локалната власт кон споменот на избраните историски личности и настани. За донесувањето на предложената програма ќе се гласа на следната седница на Советот на Град Скопје, која е закажана за понеделник.