ЕВН Македонија постави нова 10 киловолтна трафостаница за напојување со електрична енергија на капацитетите во индустриската зона Визбегово во општина Бутел. Со ова се овозможува стабилност во снабдувањето со електрична енергија во тој реон, особено поради зголемениот интерес за нови потрошувачки капацитети. Во оваа зона предвидено е наскоро да се постават уште две 10 киловолтни трафостаници кои целосно ќе ги задоволат сегашните потреби, но ќе обезбедат капацитет и за нови идни приклучоци. Сето ова е овозможено по зимското активирање на два нови 10 киловолтни изводи кои ја напојуваат зоната од 110 киловолтната трафостаница „Васил Главинов“.