Претходна статија
Њујоршката МоМА на 15 јули ги отвора портите на изложбата „Кон утопијата на бетонот: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“
Следна статија
14,5 милиони денари за изградба на две нови велосипедски рути во Скопје

Нова предлог траса на магистралниот гасовод кон Гостивар што минува преку Водно

Објавено на 10.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на Македонски Енергетски Ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи и претставници на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, денес извршија увид на новата предложена траса на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар, којашто минува низ падините на Водно. Новата предложена траса од МЕР има за цел максимално да го заштити зелениот појас на Водно, но и да обезбеди во краток рок да се започнат градежните работи на гасоводот. Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја поздрави иницијативата на граѓаните, тврдејќи дека со новата предлог траса за околу 70% ќе се намали влијанието врз зелениот појас во постапката на градење.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

„Владата и МЕР прават максимални напори да се започне со изградбата на оваа делница, секое пролонгирање ќе има негативно влијание врз екологијата. Доколку се пролонгира изградбата на оваа делница за дополнителни 2, 3 или 5 години, тоа значи дека многу домаќинства ќе продолжат да ги загреваат домовите со дрва, а тоа значи дека многу повеќе шума ќе се сече за оваа намена, отколку за изградба на гасоводот“ изјави вицепремиерот Анѓушев. Тој ги покани невладините организации да вршат надзор врз градежните работи.

 

Вицепремиерот и претставниците на граѓанската иницијатива договорија средба на почетокот на наредната недела, на која треба да се усогласат ставовите и да се прецизираат наредните чекори и динамика на изведбата на гасоводот. Магистралната гасоводна траса од Скопје кон Тетово и Гостивар има должина од 76 километри. Проектот вреден околу 28 милиони евра започна да се гради пред повеќе од две години.