Претходна статија
Владата по постојната траса ќе ја продолжи изградбата на гасоводот кон Гостивар
Следна статија
Доцни изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Нова најава за реконструција и заживување на Офицерскиот дом во Велес

Објавено на 29.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Велешкиот градоначалник Аце Коцевски најави дека Офицерскиот дом во Велес во најскоро време ќе биде реконструиран и повторно достапен за граѓаните. Владата на седницата одржана на 22 мај одлучила да ја префрли сопственоста на овој објект на општина Велес, со што се отвора можноста за враќање на стариот сјај на ова здание од центарот на градот. „Во најкус можен рок ќе објавиме јавен повик за заинтересираните инвеститори и угостители“ изјави градоначалникот Коцевски.

 

*Извор на фотографија: Општина Велес

 

Офицерскиот дом во Велес со години наназад претставува запуштен простор што е затворен за посетителите. Објектот со подрум, приземје, еден кат и поткровје се наоѓа на парцела од 2.663 метри квадратни. Ова здание во минатото беше користено за угостителски намени, кои беа успешно интегрирани во велешкиот градски парк. Претходното раководство на општина Велес во февруари 2017 година ја најави реконструкцијата на Офицерскиот дом, но ветениот зафат не беше реализиран.