Претходна статија
Автобусите имале помалку патници на почетокот од годинава
Следна статија
Пропадна и вториот обид за изработка на нов ГУП за Велес

Нова фекална канализација и системи за третман на отпадни води во седум општини

Објавено на 21.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и градоначалниците на седум македонски општини денеска ги потпишаа договорите за доделување на средства за изработка на техничка документација и за изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води. Од државниот буџет ќе се инвестира во инфраструктурни зафати на територијата на Град Скопје, но и во општините Битола, Тетово, Липково, Врапчиште, Шуто Оризари и Берово.

 

 

Во согласност со владината Програма за инвестирање во животната средина, во 2018 година се предвидени финансиски средства од 45 милиони денари за реализација на 42 проекти во 36 општини. Инвестирањето во канализационите системи и системите за одведување и пречистување на отпадни води ќе претставува заеднички напор на централната власт со локалните самоуправи за задоволување на основните инфраструктурни потреби на граѓаните.