Претходна статија
Нова фекална канализација и системи за третман на отпадни води во седум општини
Следна статија
Почна изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш

Пропадна и вториот обид за изработка на нов ГУП за Велес

Објавено на 21.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Велес ја пропушта шансата за да се изготви нов Генерален урбанистички план (ГУП) во текот на годинава. Општинските власти по втор пат ја поништија тендерската постапка за избор на проектантско биро што ќе ја реализира оваа обврска. „Понудувачите понудиле цени и услови за завршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот“ се наведува во образложението. Не е избрана ниту ревизија при изработката на планираниот ГУП за Велес, поаѓајќи од фактот дека не е доставена ниту една понуда.

 

 

По ваквиот исход, Општина Велес ќе мора да објави трет јавен повик за изготвување на неопходната документација. Тендерската постапка се развлекува од почетокот на годинава, а главен проблем за самиот град е што траењето на постојниот ГУП за Велес истекува во 2018 година. Новиот Генерален урбанистички план ќе треба да обезбеди можност за натамошен урбанистички и просторен развој на градот, чија површина изнесува 1.600 хектари.