Претходна статија
Ќе се дислоцираат „барокните“ галии од коритото на Вардар
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се кити гобленската зграда на АДСДП кај Македонска опера и балет

Нова еко населба кај Бардовци и Злокуќани

Објавено на 24.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа која ќе го примени концептот за еко населба која ќе користи обновливи извори на енергија. Ова беше главната тема на разговор помеѓу градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од Проектот за користење на обновливи извори на енергија насловен како „Модуларни системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија“ во рамките на Програмата за истражување и развој на ЕУ Хоризонт 2020.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

Целта на имплементација на овој иновативен проект е да го поддржи спроведувањето на системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија, на среден и подолг рок, како трајна супституција на традиционалниот начин на затоплување, кој е и еден од изворите на контаминација на воздухот. Македонскиот тим од овој проект го сочинуваат Наташа Марковска, Љупчо Димов, Владимир Ѓоргиевски, Васил Божикалиев.

 

Владимир Ѓоргиевски ја презентираше можноста Општина Карпош да добие нова еко населба во близина на Бардовци и Злокуќани, која ќе ги применува токму овие системи за греење и ладење. Презентацијата на оваа идеја е врз основа на претходна анализа, истражување и проект, наменски изработени за овој дел од Карпош, во партнерство со земји како Австрија, Германија и Данска.

 

Градоначалникот Богоев посочи дека ова е одлична шанса за Карпош, но и за Градот Скопје, да бидеме меѓу единствените во регионот кои имаат целосна енергетски – ефикасна населба. Придобивките од овие системи за греење и ладење се големи. Истите овозможуваат пониски трошоци за граѓаните, а се корисни и за целата животна средина. Меѓудругото, ова е можност и за урбанизација на помалку развиените делови во оваа општина, за нивно облагородување и развој во еко зони за живеење.