Претходна статија
„Струмица - гас“ ги доби лиценците за работа, граѓаните пројавуваат интерес за приклучок
Следна статија
„Нормак инвестмент груп“ и официјално стана концесионер на ТИРЗ Тетово

Нов плоштад во Влае, голем парк во Горно Лисиче

Објавено на 23.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во населбата Влае започна изведбата на нов плоштад, а во Горно Лисиче е најавена изградба на нов парк. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска го постави камен – темелникот на идниот плоштад со површина од 6.500 метри квадратни, кој ќе биде лоциран веднаш до станбениот комплекс „Порта Влае“ [»мапа]. Градежните активности се очекува да завршат до средината на март, а од локалниот буџет за овој проект се издвоени 31.575.714 денари или околу половина милион евра. Изведувач на работите е фирмата „Сандра Инженеринг“, додека надзорот ќе го вршат „Елса Инженеринг“ и „Хидро градежен инженеринг“.

 

Плоштад Влае - градилиштеПлоштад Влае - градилиштеПлоштад Влае - градилиште

 

Плоштад Влае - визуелизацииПлоштад Влае - визуелизацииПлоштад Влае - визуелизации

 

 

Архитектонското решение за плоштадот предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки и изведба на кружна фонтана. Во функција на поубав амбиент јавниот простор ќе се облагороди со 10.000 цветни садници и ќе се постават 50 нови канделабри. Плоштадот ќе биде уреден со 60 клупи за седење, 20 корпи за отпадоци и три фонтани за пиење вода. На овој простор во иднина е планирано да се изгради и црква со површина од 130 метри квадратни.

 

 

Парк во Горно Лисиче - визуелизацијаВо ист ден, градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го претстави проектот за изведба на нов парк „Бановина“ во селото Горно Лисиче, лоциран во близина на улицата „Ѓорѓи Капчев“. Идното катче за граѓаните ќе се простира на површина од 6.500 метри квадратни, со тревна површина од 2.310 метри квадратни, езеро на две нивоа со пешачки мост и видиковец. Паркот ќе добие енергетски ефикасно осветлување и ќе биде ограден за да се заштити од несовесните граѓани. Тендерот за избор на градежната компанија за реализација на овој проект веќе е објавен.

 

 

» Форумска дискусија за плоштадот во Влае