Во тек е рушењето на Хотел Парк, еден од најстарите хотели на охридското крајбрежје, за да се направи простор за нов комплекс со двојно поголем капацитет. Се најавува дека за две години таму ќе никне хотел со 5 ѕвездички и 200 апартмани, од кои дел ќе се продаваат. Зад инвестицијата од 20 милиони евра стои охридската фирма „Градежник“, додека општината по основ на комуналии ќе инкасира 1 милион евра. Новиот објект ќе се гради на 5.000 метри квадратни, а како изведувач фигурира фирмата „Ремис“.